82-годишнина од депортацијата на македонските Евреи во Треблинка
11.03.2025
11 март 2025 година се одбележуваат 82 години од депортацијата на македонските Евреи во логорот на смртта Треблинка.
Од Македонија, тогаш анектирана од Бугарија, која беше сојузник на нацистичка Германија, 98 проценти од еврејското население беше депортирано во Треблинка во март 1943 година. 7.144 Евреи од Скопје, Битола и Штип беа однесени во логорот на смртта, скоро половина од нив беа деца; никој не преживеа.
11 март се одбележува како ден на сеќавање на депортацијата на македонските Евреи. Во рамките на комеморациите, Ополномоштен Министер Мариуш Бримора положи цвеќе на споменикот на жртвите. Претседателот на Еврейската заедница, Амбасадорот на Израел и Премиерот на Северна Македонија зборуваа.
Во Треблинка постои камен посветен на македонските жртви, каде секоја година, на годишнината од депортацијата, секогаш присуствуваат македонски дипломати.