Амбасадата на Република Полска во Скопје е лауреат на наградата Шампион на инклузија
13.06.2025
Амбасадата на Република Полска во Скопје ја доби наградата "Шампион на инклузија" од македонската невладина организација Equality на поединци и институции кои се вклучени во помагањето на исклучените и лицата со посебни потреби. Наградата ја прими Ополномоштениот Министер Мариуш Бримора од претседателот на фондацијата Гере Трипков, за време на церемонијата организирана на 12 јуни 2025 година.
Наградата е потврда на фактот дека Амбасадата на Република Полска во Скопје останува чувствителна на потребите на лицата со попреченост. Работата во нивно име ќе биде продолжена, меѓу другото преку спроведување на развојни проекти на Министерството за надворешни работи на Република Полска.