Back

Cредба со шефот на Делегацијата на ЕУ во Скопје

10.12.2024

1

Заради преземањето на функцијата во Амбасадата на Република Полска во Скопје, ополномоштениот министер Мариуш Бримора на 10 декември годинава се сретна со шефот на Делегацијата на ЕУ во Скопје, Михалис Рокас.

Разговорот се однесуваше на политичката ситуација во Северна Македонија и полското претседателство со Советот на Европската Унија, кое ќе започне на 1 јануари 2025 година. Во тој период, Делегацијата на ЕУ ќе биде еден од најважните партнери за полската дипломатска мисија во спроведувањето на програмата на Претседателството и настаните што ќе ја промовираат.

Фотографии (1)

{"register":{"columns":[]}}