Концерт по повод полското председателство со Советот на Европската Унија
08.05.2025
На 7-ми мај, Националната филхармонија во Скопје беше домаќин на прославата на Денот на Уставот на 3-ти мај и Денот на полската дијаспора и Полјаците во странство. Настанот истовремено беше дел од културната програма на Амбасадата која се однесува на полското претседателство со Советот на Европската Унија. На настанот присуствуваа околу 250 луѓе, меѓу кои и претставници на владата и собранието на Република Северна Македонија, дипломатскиот корпус, полската дијаспора и локалниот бизнис. Меѓу гостите на настанот од највисок чин беа министерот за европски прашања г-динот Орхан Муртезани и министерот за внатрешни работи г-динот Панче Тошковски.
Настанот беше украсен со џез концерт под наслов "Унијата на џезот" во изведба на музичарите: Куба Станкиевич (Полска) и Кестутис Вајгинис (Литванија), кој се состоеше од џез аранжмани на химните на земјите-членки на Европската Унија и Ода на радоста. На крајот, химната на Република Северна Македонија беше изведена како израз на желба за успех на патот на земјата кон Европската Унија.
Во официјалниот дел пред концертот, ополномоштениот министер Мариуш Бримора го претстави историскиот преглед на генезата и значењето на Уставот од 3-ти мај, осврнувајќи се на современите демократски промени и годишнината од присуството на Република Полска во структурите на Европската Унија. Тој, исто така, го претстави актот на доделување на полско државјанство на г-динот Јордан Самарџиски, истакнат активист на полската дијаспора во Скопје.
Целиот настан, особено музичкиот концерт, наидоа на голем интерес и признание од гостите, вклучувајќи го и дипломатскиот кор и претставниците на македонските власти. Тоа го зајакна позитивниот имиџ на полското претседателство во Северна Македонија.