Back

Концерт по повод 30 години полско-македонските дипломатски односи

05.12.2023

k

Вчеравечер во скопската филхармонија се одржа исклучителен концерт „Музика и поезија - вечер со музиката на Шопен“. 

Концертот на полската музика, во изведба на извонредни македонски уметници - пијанистот Дино Имери и Камерниот оркестар ИД под диригентската палка на Дијана Имери Илкоска, ја одбележи  30-годишнината на полско-македонски дипломатски односи. На програмата беа: - Балада бр.1 оп.23 g-moll, Прелудиум оп.28 бр.4 и бр.8, Валцер оп.64 бр.2 cis-moll, Валцер оп.64 бр.1 "Минутен", Херојска Полонеза оп.53 As-dur и Концерт за пијано и оркестар бр.2 во f-moll.

На настанот, поддржан од Министерството за култура на Северна Македонија и Амбасадата на Република Полска во Скопје, присуствуваа претставници на дипломатскиот кор, на полската заедница, гости од светот на културата и љубителите на музиката.

Фотографии (4)

{"register":{"columns":[]}}