Back

Конзуларно присуство на Република Полска во Република Косово

22.04.2024

Ambasada

Ве информираме дека извршувањето на конзуларните работи на територијаta на Република Косово е доверено на Конзулот на Република Полска во Скопје.

Согласно тоа, за поднесување на барања за визи, пасоши, државјанства; правни работи; но и ситуации во кои е потребна конзуларна заштита на територијата на Република Косово, Ве молиме обратете се до Амбасадата на Република Полска во Скопје (Северна Македонија):

Конзуларно одделение

адреса: ул. Димитар Пандилов 2а, 1000 Скопје (влез од ул. Питу Гули)

телефон: +389 2 3248826 (во работното време на Конзуларното одделение)

факс: +389 2 3133057

имејл: skopje.konsul@msz.gov.pl 

{"register":{"columns":[]}}