Крај на полското претседателство со Советот на ЕУ
03.07.2025
Амбасадата го сумираше шестмесечното полско претседателство со Советот на ЕУ со гала ручек за амбасадорите на земјите-членки на ЕУ, со посебно учество на претседателот Гордана Силјановска Давкова. Ополномоштениот министер Мариуш Бримора ги истакна достигнувањата на Полска во овој период, додека претседателката се осврна на состојбата на односите на С.Македонија со ЕУ. На крајот на настанот, амбасадорот на Данска, Пернил Далер Кардел, информираше за приоритетите на данското претседателство и плановите за соработка со владата во Скопје.
На настанот му претходеше Самитот на лидерите на Западен Балкан, на кој присуствуваше комесарот за проширување на ЕУ, Марта Кос.
Би сакале да им се заблагодариме на сите наши партнери за последните шест месеци. Во текот на овој период, Амбасадата подготви над 20 настани за промоција на Полска и полското претседателство во С.Македонија. Меѓу нив имаше културни настани, состаноци, конференции, интервјуа - информации за нив се достапни на нашата веб-страница и на социјалните медиуми.