Во тек е аплицирањето за Источната Летна Школа организирана од Центарот за Источна Европа, при Универзитетот во Варшава
24.01.2024
Летната Источна Школа е наменета за млади истражувачи од разни области на хуманистичките науки, кои доаѓаат од земјите на Централна и Источна Европа, Балканскиот полуостров, Централна Азија и Кавказ.
Учесници на Школата можат да бидат само странци, дипломирани студенти кои спроведуваат сопствено научно истражување и се на возраст под 35 години. Целта на оваа школа е да им овозможи на учесниците да научат за состојбата на науката, новите извори на информации, значајни научници и да се стекнат со знаење за ресурсите на полските архиви и библиотеки. Летната школа не обезбедува можности за независно истражување, туку ги подготвува учениците за идни, подолги истражувачки престој во Полска.