Back

Проштална средба со претседателот на Собранието

09.03.2023

AmbasadorWT

На 9 март амбасадорот Војциех Тицињски, кој наскоро ќе ја заврши својата мисија во Скопје, оствари проштална средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Разговорот беше посветен пред се на полско-македонските односи и интеграцијата на Северна Македонија во Европската Унија.

За време на средбата претседателот Џафери ја истакна улогата на амбасадорот Тицињски во развојот на односите помеѓу Република Северна Македонија и Република Полска. Тој кажа дека Полска се доживува како важен политички и економски партнер на Северна Македонија и изрази надеж за натамошен развој на пријателските билатерални односи меѓу двете земји на сите нивоа. Воедно претседателот Џафери се заблагодари за полската поддршка за евроатлантската интеграција на Северна Македонија.

Фотографии (1)

{"register":{"columns":[]}}