Oфицијална посета на Градското собрание на Охрид
12.09.2025
На 12 септември 2025 година, ополномоштен министер Мариуш Бримора ја оствари својата прва официјална посета на Градското собрание на Охрид, каде што беше примен од градоначалникот Кирил Пецаков.
Посетата се фокусираше на разговорите во врска со развојот на туристичката соработка меѓу Северна Македонија и Полска. Директните летови ќе бидат воведени на пролет 2026 година, за кои се очекува значително да го зголемат бројот на полски туристи што ја посетуваат охридската ривиера.
На состанокот беше изразено задоволство што Полјаците веќе се меѓу трите најчести посетители на Северна Македонија.
На состанокот беше разговарано и за богатиот календар на културни настани на градот, како што се „Охридско лето“, „Балканскиот фестивал на народни песни и игри“, "охридскиот џез фестивал" и „Охридскиот фестивал на вода“.
Фото: Градското собрание на Охрид