Покана за отворање на полскиот мурал на Саинер
21.05.2025
Со големо задоволство Ве покануваме на официјално отворање на мурал – мозаик на најновото дело на познатиот полски уличен уметник Пшемислав Блејжик (Sainer) мурал – мозаик harmonoise_230425, која ќе се одржи во недела, на 25 мај 2025 година, во 19:00 часот во Младинскиот културен центар во Скопје (влезот од страната на реката).
Настанот ќе започне со добредојден пијалок на надворешната тераса, по што ќе следува свечената церемонија на откривање на мурал – мозаик.
Овој исклучителен уметнички настан се организира во соработка помеѓу Институтот Адам Мицкевич и Градот Скопје, во рамки на меѓународната културна програма по повод Полското претседателство со Советот на Европската Унија.
За уметникот:
Sainer е едно од најпрепознатливите имиња во современата улична уметност. Неговите дела се карактеризираат со надреалистички стил, интензивни бои и импресивна големина. Мурали со негов потпис може да се видат во урбани простори ширум светот.
Не ја пропуштајте оваа единствена можност да доживеете уметност од светска класа – во самото срце на Скопје!