Покана за Шопенов концерт во градскиот парк во Скопје
09.06.2025
- Што? Концерт на Шопен по повод завршувањето на полското претседателство со Советот на Европската Унија
- Кога? Сабота, 21 јуни во 18:00 часот
- Каде? Градски парк Скопје, Школка
Срдечно Ве покануваме сите на концертот во изведба на пијанистот Иван Трајковски со композиции од Фредерик Шопен, кој ќе додаде раскош на крајот на полското претседателство со Советот на Европската Унија. Концертот е отворен и бесплатен за сите кои најдат време да се запознаат со нас во градскиот парк во Скопје во сабота на 21 јуни во 18:00 часот.
Настанот се надоврзува на концертите на Шопен кои се одржуваат секоја година во паркот Лазиенки во Варшава и привлекуваат голем број на љубители на класичната музика.
Придружете ни се и ајде да ги слушаме делата на Шопен во македонска верзија заедно!