Полска помош за развој на Театарот Комедија
25.06.2025
Како дел од овогодишното издание на полската помош за развој понудена на македонските институции, на Театарот Комедија во главниот град ќе му бидат доделени 29.000 евра. Договорот за спроведување на проектот за ревитализација на аудиториумот беше потпишан во седиштето на театарот на 25 јуни годинава од страна на директорот на театарот Дарко Спасов и ополномоштениот министер Мариуш Бримора.
Проектот предвидува замена на седиштата за публиката и подот. Ова се 60 години стари елементи од салата, кои не се заменети или освежени од отворањето на театарот во 1965 година, кратко по трагичниот земјотрес во Скопје во 1963 година. Македонското Министерство за култура и приватни донатори исто така ќе придонесат за ревитализацијата на салата.
Целиот проект треба да биде завршен есенва, така што предвидената македонска премиера на "Ивонa, принцезата од Бургундa" од Витолд Гомбрович би можела да се одржи во ревитализираниот ентериер, закажана за тој период.
Полската помош е бренд на полската развојна соработка, координирана од страна на Министерството за надворешни работи на Република Полска и се спроведува во соработка со владините административни органи и социјалните организации, како и локалните ентитети во партнерските земји. Благодарејќи на развојната соработка, Полска придонесува за градење на поодржлив свет за сегашните и идните генерации.