Back

Полски штанд на Дипломатскиот добротворен базар

04.12.2023

b

Амбасадата на Република Полска во Скопје учествуваше на Дипломатскиот добротворен базар кој се одржа на 2 декември во хотел Мериот. 

На базарот учествуваа повеќе амбасади кои понудија различни производи од нивните земји.

На полскиот штанд можеше да се купи: полски прехранбени производи, домашни слатки, книги и графики.

Најмладите гости можеа да учествуваат на ликовни работилници.

Приходите од базарот ќе бидат донирани за децата со посебни потреби.

Настанот го организираше здружението Dobredojde Macedonia Welcome Centre.

Фотографии (4)

{"register":{"columns":[]}}