Back

Посета во Виница

29.05.2024

Vinica

Амбасадарот Кшиштоф Гжелчик ја посети библиотеката „Ванчо Прке“  во Виница и заедно со сопругата г-а Јоланта Гжелчик, која е координатор на проектот „Полска на полица“, подарија книги од полски автори, преведени на македонски јазик. За време на посетата беше остварена средба со градоначалникот на општина Виница, г. Миле Петков, на која се разговараше за инвестирање на територијата на општината, развој на стручното образование, културна размена и соработка.

Фотографии (4)

{"register":{"columns":[]}}