Back

Предавањето на акредитивните писма

22.05.2023

akredytacja

На 19 мај 2023 г. амбасадорот Кшиштоф Гжелчик му ги предаде копиите од акредитивните писма на министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи.

Истиот ден се одржа и церемонијата на предавање на акредитивните писма на Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.

Амбасадорот Гржелчик во своите говори ја истакна долгата историја на полско-македонското пријателство, солидарноста во тешките историски моменти, интересот на полските туристи за Северна Македонија, растечката економска размена, како и одличната соработка во рамките на НАТО и  Полска за реформите и процесот на европската интеграција на Северна Македонија.

 

Фото: Кабинет на Претседател на РСМ и МНР на РСМ

Фотографии (3)

{"register":{"columns":[]}}