Седница на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТО во Скопје
11.04.2025
На 5-6 aприл оваа година, во главниот град на Северна Македонија - Скопје – се одржа состанок на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТО, во кој учествуваше претседателката на делегацијата на Парламентот и Сенатот на Република Полска при Парламентарното собрание на НАТО, пратеничката Јоана Клузик-Ростковска и заменик-претседателот на делегацијата, заменик-министерот за одбрана Павел Бејда. На настанот присуствуваа околу 70-ина парламентарци и службеници кои ги претставуваат земјите-членки на Парламентарното собрание на НАТО и делегации од партнерските и придружните земји.
Пратениците на Парламентарното собрание на НАТО го слушнаа говорот на премиерот Христијан Мицкоски и министерот за одбрана Владо Мисајловски. Претставниците на македонската влада ја истакнале важноста на соработката во рамките на НАТО и нужноста за одржување на трансатлантските врски во пресрет на геополитичките закани. Тие ја истакнаа аспирацијата на Северна Македонија за членство во Европската Унија.
За време на престојот во Скопје, претставници на делегацијата исто така ја посетија Aмбасадата на Република Полска.