In order to ensure the highest quality of our services, we use small files called cookies. When using our website, the cookie files are downloaded onto your device. You can change the settings of your browser at any time. In addition, your use of our website is tantamount to your consent to the processing of your personal data provided by electronic means.
Back

Сакам да поднесам барање за Шенген виза (Тип Ц)

Каде ќе ја завршите работата?

Амбасада на Република Полска

ул. Димитар Пандилов бр. 2a

1000 Скопје

тел. +389 2 3248826

Дали морате лично да ги поднесете документите?

Барањето за издавање виза мора да го поднесете лично. Дипломатското претставништво не прифаќа барања испратени по факс, по пошта или по имејл.

Како да закажете термин?

Термин за поднесување барање за виза закажете во системот е-конзулат.

 

Кои документи треба да ги поднесете?
  1. Формулар за виза пополнет во системот е-конзулат, испечатен и потпишан;
  2. Фотографија во боја со димензии 3,5 x 4,5 цм. Фотографијата треба да биде:

a. остра, направена на бела позадина и испечатена на висококвалитетна хартија,

b. не постара од 6 месеци,

c. анфас и јасно да ги прикажува очите и лицето од двете страни, од врвот на главата до горниот дел на рамената – така што лицето да зафаќа 70-80% од фотографијата. Фотографијата треба да биде направена без капа, шамија и слично.

3. Пасош издаден во текот на последните 10 години, којшто важи најмалку 3 месеци од датумот на планираното враќање и којшто има најмалку 2 слободни страници наменети за визи.

4. Копија на страницата на пасошот, на којашто се наоѓаат личните податоци и фотографијата на носителот.

5. Лице кое аплицира за Шенген виза со која се овозможува единечен или двоен влез треба да покаже дека има соодветно и важечко патничко здраствено осигурување кое ги покрива сите трошоци за време на престојот на тоа лице на територијата на земјите членки што се однесуваат на враќање од медицински причини. Потреба за итна медицинска помош, итно лекување во болнички услови или смрт. Лице кое аплицира за виза со повеќекратни влезови треба да покаже соодветно и важечко патничко  здраствено осигурување за периодот на неговиот прв престој.

Зравствено осигурување треба да важи на целата територијата на Европската Унија на износ не помал од 30 000 ЕВРА.

6. Копија на документ за лична идентификација кој потврдува легално живеење на територијата на конзуларниот округ на полското претставништво, во коешто аплицирате за виза.

7. Потврда за поседување на финансиски средства во форма определена од страна на полското претставништво.

a.извод од банка за последните 6 месеци

8, Документ кој потврдува сместување (на пр. официјална покана или хотелска резервација).

9, Документ кој ја потврдува целта на престојот на територијата на Република Полска.

a.официјална покана од институцијата/компанијата која поканува

b.резервација на билет

 

Дополнително, при барања за визи за неполнолетни лица доставете:

  • Писмена и нотарски заверена согласност на родителот/родителите за поднесување на барањето за виза. Ако има само еден старател, тоа треба а се докаже со презентирање на извод од матичната книга на родените, судска одлука за давање исклучиво старателство или извод од матичната книга на умрените за другиот родител.
  • Пасоши на родителите – оригинал и копија.
  • Извод од матичната книга на родените – оригинал и копија.

Ако детето е впишано во пасош на родителот или законскиот старател – поднесете одделно барање за виза. Визата ќе биде залепена во пасошот на родителот или законскиот старател.

 

Запомнете:

  • Барањето за виза мора да го поднесете во полско дипломатско претставништво, чијшто конзуларен округ го опфаќа Вашето постојано живеалиште.
  • По правило, горенаведените документи се доволни за донесување одлука, но полскиот конзул може да замоли за дополнителна документација.
  • Полскиот конзул има право да го покани барателот за виза на разговор, но не мора тоа да го прави.
  • Визиите од типот Д овозможуваат престој од 90 дена во секој период од 180 дена во другите земји на Шенген зоната. Тоа означува дека можете легално да престојувате во Шенген зоната, исклучиво ако во периодот на последните 180 дена Башиот престој во земјите на зоната не надминал 90 дена.
  • Визата од типот Д може да се издаде со максимален рок на важење од една година.
  • Запомнете дека визата не гарантира влегување на територијата на Полска – конечната одлука секогаш ја има полската Гранична стража.
Колку ќе платите?

4.936,00 ден. - лица над 12-годишна возраст

2.468,00 ден. - деца од 6-12 години

Бесплатно:

а) деца до 6-годишна возраст,

б) членови на семејството на граѓанин на ЕУ

в) сопружници на полски државјанин и граѓанин на ЕУ

г) сопружници на полски државјанин и граѓанин на ЕУ кои поднесуваат барање за повторно разгледување  на апликацијата за виза (во случај на одбивање)

д) за дипломатски и службени виси

Надоместокот за апликација за виза не се враќа, без оглед на одлуката на конзулот.

Како ќе ги подигнете документите?

 Датумот на подигнувањена одлуката ќе биде наведен при аплицирање за виза.

 

Кој е рокот за реализација?

Конзулот има 15 календарски дена да донесе визна одлука. Во исклучителни случаи, овој период може да се продолжи до 30 или 60 дена.

Како може да се жалите?

Ако не се согласувате со одлуката на конзулот, имате право да поднесете барање за повторно разгледување на визната апликација. Мора да го поднесете во седиштето на полската мисија што ја донела визната одлука, во рок од 14 дена од нејзиното добивање.

Барањата за повторно разгледување на визната апликација може да се поднесат во работното време на конзулатот

Таксата за поднесување на таквото барање изнесува 4927,00 MKD.

 

Повлекување или поништување на Шенген виза

Доколку сте добиле одлука за повлекување или поништување на Шенген виза со која
не се согласувате, имате право да побарате повторно разгледување на барањето. Меѓутоа, доколку сами имате поднесено барање за повлекување на Шенген визата и конзулот истото
го одобрил, немате право на жалба против таквата одлука.

Барањето за повторно разгледување на апликацијата од страна на конзулот треба да се поднесе во рок од 14 дена од денот на добивање на одлуката за поништување
или повлекување на визата Шенген во седиштето на институцијата која ја издала одлуката.

Апликацијата за повторно разгледување на барањето во случај на повлекување
или поништување на визата Шенген  е бесплатна.

 

Жалбата против негативната одлука за издавање на Шенген виза,  одлуката за повлекување или поништување на Шенген визата како и против активностите на конзулот во врска со овиие прашања

Доколку конзулот после разгледавњето на Вашето барање за повторно разгледување
на апликацијата издаде уште една негативна одлука за одбивање на визата, повлекување или поништување, имате право на жалба до Војводскиот управен суд
во Варшава. Жалбата треба да се поднесе преку конзулот во рок од 30 дена
од денот на подигнување на одлуката за повторно разгледување на барањето.

Кога ја предавате жалбата до конзулот, не плаќате никакви административни такси, сепак, постапките пред управните судови подлежат на надоместоци. Значи, мора да сметате на фактот дека судот ќе ве повика да ја платите судската такса. Информации за висината на судските такси во случај на жалба до управниот суд и можноста за поднесување барање за изземање
од трошоците за постапката и јазикот на постапката може да се најдат на следната страница:

http://bip.warszawa.wsa.gov.pl/133/wpis-sadowy-zasady-dokonywania-wpisu.html

 

 

Правна основа

Регулатива на Европскиот парламент и на Советот (ЕУ) бр. 810/2009 од 13 јули 2009 година за Унијен Визен Кодекс.

Закон за странци од 12 декември 2013 година

Закон од 25 јуни 2015 година, Конзуларно право

{"register":{"columns":[]}}