Back

СООПШТЕНИЕ

18.03.2022

Во последно време некои македонски електронски медиуми објавија текст на московскиот дневен весник Правда за Полска, нејзината историја и неодамнешната посета на европските политичари на завојуваниот со Русија Киев.

stop

 

Бројот на информации кои не се во согласност со фактите и реалноста претставени во цитираниот текст ги надминува границите на апсурдот - како што е констатација дека Полска, која изгуби 6 милиони граѓани и 20% од својата територија, на крајот на Втората светска војна, излезе добитник благодарение на Сталин и Советскиот Сојуз.

За жал ваквите лажни информации и бесмислици стигнуваат и до македонскиот читател. Промовирањето на руската верзија на европската историја и на невистините причини за руската агресија во Украина им штети на сите оние кои се противат на убивањето на украинските граѓани и на бомбардирањето на украинските градови. Тоа го ослабува и нашиот заеднички сојуз - НАТО и нашите заеднички напори да го спасиме мирот во Европа.

 

Амбасадата на Република Полска во Скопје

Скопје, 18.03.2022 година

 

 

 

{"register":{"columns":[]}}