In order to ensure the highest quality of our services, we use small files called cookies. When using our website, the cookie files are downloaded onto your device. You can change the settings of your browser at any time. In addition, your use of our website is tantamount to your consent to the processing of your personal data provided by electronic means.
Back

Состанок за резимирање на студиската посета на македонските новинари во Варшава

20.06.2025

1

На 20 јуни годинава, во седиштето на Амбасадата на Република Полска во Скопје, се одржа средба со македонските новинари кои беа во студиската посета на Варшава од 2 до 5 јуни оваа година.

Посетата на дванаесете новинари претставници на водечките медиуми во земјата беше заедничка иницијатива на Амбасадата, Делегацијата на ЕУ во Скопје и Македонскиот институт за медиуми. Целта на посетата беше да се запознае македонската новинарска заедница со актуелната политичка и социјална ситуација во Полска, проблемите со војната во Украина, дезинформациите и безбедноста во Европа итн. Состаноците за македонските новинари беа организирани во Министерството за надворешни работи, Центарот за источни студии, Полскиот институт за меѓународни работи, Полската новинска агенција, Газета Виборча, Политика Инсајт и TechSoup.

За време на состанокот во Амбасадата, новинарите ги споделија своите впечатоци и мислења од нивниот престој во Полска. Некои од нив веќе ја посетиле Варшава во минатото, благодарение на што можеa да се осврнат на огромното темпо на позитивни промени што се случуваат во полската престолнина. За време на состанокот, исто така, беа дискутирани теми од актуелната политичка агенда во С.Македонија, со процесот на интеграција со Европската Унија во првите редови. Покрај тоа, новинарите истакнаа дека понатамошната промоција на Полска и полската успешна приказна во С.Македонија може да биде една од најефективните алатки за убедување на политичарите и јавноста за придобивките од членството во ЕУ и чувството за потребните реформи како дел од овој процес.

Како резултат на посетата, ќе бидат произведени голем број на новинарски материјали, од кои првиот веќе беше емитуван од страна на телевизијата Алсат М.

Видео

Фотографии (7)

{"register":{"columns":[]}}