Средба со полската заедница во Северна Македонија и пријателите на Полска кои зборуваат полски јазик
05.06.2025
На 4 јуни во Амбасадата на Република Полска во Скопје се одржа интеграциска средба со претставници на младата полска заедница која живее во Северна Македонија и Косово, како и со пријателите на Полска кои зборуваат полски јазик. Ова беше прва средба од ваков карактер по речиси 10-годишна пауза.
Ополномоштениот Министер Мариуш Бримора, поздравувајќи ги гостите, информираше за повторното преземање на главната улога од страна на МНР во координирањето на политиката кон полската дијаспора и Полјаците во странство. Тој исто така додаде за претпоставките и приоритетите на соработката со полската дијаспора и Полјаците во странство, дефинирани во ново усвоената Владина стратегија за 2025-2030 година и ги охрабри луѓето да преземат иницијатива и да се вклучат во животот на полската заедница и да започнат активна соработка со Амбасадата.
На средбата присуствуваа околу педесетина луѓе, меѓу кои студенти, локални претприемачи, активисти и претставници од различни професионални средини заинтересирани за одржување на понатамошен контакт со Полска. Меѓу поканетите се најдоа исто така и потомци на Егејците, кои поседуваат полско државјанство и се заинтересирани за одржување на контакт со Полска и зачувување на културното наследство.