Тркалезна маса во МАНУ
26.06.2025
Ополномоштениот министер Мариуш Бримора учествуваше, на организираната од Дипломатскиот Клуб во Скопје, Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при МАНУ како и Регионалниот институт за развојни студии во Скопје при Универзитетот за мир на Обединетите нации, во дебата на тркалезна маса на тема "Геополитичкиот пејзаж и проширувањето на ЕУ: перспективите за Северна Македонија и другите земји-кандидати од Западен Балкан".
На дискусијата присуствуваа и министерот за европски прашања Орхан Муртезани, претседателот на Дипломатскиот клуб амбасадор Јован Теговски, раководителот на Центарот за стратегиски истражувања академикот Таки Фити, деканот на Регионалниот институт за развојни студии проф. д-р Никола Поповски, како и други академици, членови на Дипломатскиот клуб, професори и претставници на граѓанското општество.
Во своите говори, тие меѓу другото ја истакнаа важноста на темата во контекст на актуелните драматични, брзи и непредвидливи геополитички промени, кои исто така влијаат и на процесот на проширување на ЕУ. На овој процес треба да се гледа како геополитичка потреба и една од клучните алатки за обезбедување на мир, стабилност и враќање на вредностите врз кои е основана Европската Унија.
Состанокот беше можност да се претстави резиме на шестмесечното полско претседателство со Советот на ЕУ, првенствено во контекст на главниот приоритет - безбедноста и одбраната на ЕУ.