In order to ensure the highest quality of our services, we use small files called cookies. When using our website, the cookie files are downloaded onto your device. You can change the settings of your browser at any time. In addition, your use of our website is tantamount to your consent to the processing of your personal data provided by electronic means.

Признавање татковство

Каде ќе ја завршите работата?

Барањето може да го поднесете во месно надлежното дипломатско-конзуларно претставништво (ДКП) на Република Полска.

Дали морате лично да ги поднесете документите?

Да, документите мора да ги поднесете лично.

Како да закажете термин?

За закажување термин за поднесување на документите, употребете го системот е-конзулат.

Кои документи треба да ги поднесете?

Изјавите неопходни за признавање татковство се документираат во форма на записник. Документот го потпишуваат родителите на детето, конзулот и детето, ако навршило 13 години, коешто во записникот става свој потпис и информација за давање или за одбивање согласност за промена на презимето.

Колку ќе платите?

Таксата изнесува 3 085,00 MKD.

Кој е рокот за реализација?

Конзулот ќе ја прими изјавата за време на Вашата посета на конзулатот.

Како ќе ги добиете документите?

Ако конзулот ја прими изјавата за признавање на татковство – родителите ќе добијат писмена потврда што го потврдува признавањето на татковството. Документот можете да го подигнете лично, за време на посетата на конзулатот.

Како може да се жалите?

Ако конзулот одбие да ги прими изјавите неопходни за признавање на татковство поради нивна недопустливост – писмено ќе ја извести мајката и мажот, којшто тврди дека е татко на детето, во рок од 7 дена од денот на одбивањето, за неговите причини и можноста за признавање на татковството пред старателски суд.

Најчесто поставувани прашања

Што е признавање татковство?

Признавање татковство се состои во тоа што мажот, од којшто потекнува детето изјавува дека е татко на детето, а мајката на детето потврдува (истовремено или во текот на три месеци од денот на давање на изјавата од страна на мажот) дека татко на детето е мажот што ја дал изјавата.

Признавањето може, исто така, да се однесува на зачнато дете пред негово раѓање, како и на дете зачнато со ин витро процедура, пред пренесување на репродуктивните клетки во организмот на жената. Во последниов случај, изјавата за признавање татковство мора да се даде пред раководител на полска матична служба – конзуларните службеници немаат сопствени овластувања во тој поглед.

Изјавите за признавање на татковство мора да се усогласени. Во случај на недостиг на усогласен став на жената и мажот, утврдувањето на татковството настапува по судски пат.

Татковство може да се признае во однос на дете кое е:

  • зачнато,
  • родено, до достигнување на полнолетност,
  • умрено пред достигнување на полнолетност – во рок од 6 месеци од денот, кога мажот кој ја дава изјавата за признавање дознал за смртта на детето, но не подоцна од денот, кога детето би достигнало полнолетност.

Како поледица на признавање татковство, признатото дете го носи презимето:

  • во случај на давање на усогласени изјави на родителите во врска со презимето – презиме на едниот од родителите или презиме составено од две презимиња, настанато како резултат на спојување на презимињата на родителите;
  • во ситуација на недостиг на усогласени изјави на родителите во врска со презимето на детето – презиме кое се состои од презиме на мајката и додадено кон него презиме на таткото.

Ако детето навршило 13 години, за промена на презимето неопходна е согласност на детето.

Дали признавањето татковство е еквивалентно на посвојување?

Признавањето на татковство е друг институт на граѓанското право, различен од посвојувањето. Признавањето татковство се врзува со признавање на постоење на биолошка врска помеѓу мажот кој го признава детето и детето. А пак посвојувањето се состои од создавање на главна врска помеѓу посвоителот и посвоеникот, таква како што постои меѓу родителите и биолошкото потомство, при свесност за недостиг на постоење на крвни врски.

Мојата партнерка роди дете во Полска и таму ќе остане во следните месеци. Јас во овој момент не можам да отидам во Полска. Дали постои можност да дадам изјава за признавање татковство пред конзул, а партнерката пред раководител на матична служба во Полска?

Да, постои таква можност. Во таква ситуација, конзулот ќе ја испрати до надлежната матична служба изјавата на мажот за признавање на татковство, а мајата на детето ќе мора да ја потврди таа околност во рок од три месеци.

Мојот партнер е Македонец и зборува полски. Дали тоа ја исклучува можноста тој да даде изјава за признавање на детето пред полски конзул или пред полски раководител на матична служба?

Не, во таков случај прописите налагаат само обезбедување учество на преведувач. Тоа не мора да биде овластен преведувач од листата на полското Министерство за правда.
Меѓутоа во случај на преведувач кој не е полски овластен преведувач, ќе има неопходност да се прими од него (од кривична одговорност) на изјава дека ќе ги врши доверените задачи 

совесно и непристрасно, чувајќи ја законски заштитената тајна, како и раководејќи се во своето постапување со чесност и етика. Лицето кое ја извршува функцијата на преведувач треба да се служи со правна терминологија.

Мажот на мојата партнерка умрел пред неколку години. Планираме да склучиме брак. Дали ќе можам да дадам изјава за признавање на нејзината ќерка од првиот брак?

Нема таква можност, бидејќи во таков случај не постојат врски на биолошко роднинство помеѓу Вас и ќерката на партнерката. Во таков случај, соодветна ќе биде процедурата за посвојување на детето.

Имаме странски извод од матична книга на родените за детето, без податоци за мојот партнер како татко на нашиот син. Дали најпрво треба да извршиме исправка во странскиот извод и да извршиме транскрипција во полскиот регистар или пак да извршиме транскрипција и да доставиме изјава за признавање татковство?

Во таков случај изборот е ваш. Од правна страна, двете постапки се допустливи.

{"register":{"columns":[]}}