In order to ensure the highest quality of our services, we use small files called cookies. When using our website, the cookie files are downloaded onto your device. You can change the settings of your browser at any time. In addition, your use of our website is tantamount to your consent to the processing of your personal data provided by electronic means.
Back

Сакам да поднесам барање за национална виза (tип A)

  

Каде ќе ја завршите работата?

Амбасада на Република Полска

ул. Димитар Пандилов бр. 2a

1000 Скопје

тел. +389 2 3248826

Дали морате лично да ги поднесете документите?

Барањето за издавање виза мора да го поднесете лично. Дипломатското претставништво не прифаќа барања испратени по факс, по пошта или по имејл.

Како да закажете термин?

Термин за поднесување барање за виза закажете во системот е-конзулат.

Запомнете дека мора да аплицирате за виза не порано од 3 месеци пред планираното патување.

Кои документи треба да ги поднесете?

Запомни!

За виза тип А аплицирате само ако:

• планирате да останете само во транзитнатазона на аеродромот и не планирате да го напуштите. Визата од типот А не ви дава право да останете во Шенген-зоната.

• Вие сте државјанин на една од следниве земји: Авганистан, Бангладеш, Демократска Република Конго, Еритреја, Етиопија, Гана, Иран, Ирак, Нигерија, Пакистан, Сомалија, Шри Ланка.

 

Ослободени сте од аплицирање за виза за тип А ако:

• имате дипломатски пасош;

• сте член на потесното семејство на граѓанин на Европската унија;

 • имате виза Ц или Д или дозвола за престој издадена од една од земјите-членки на Европската унија;

• имате дозволи за престој наведени согласно Анексот V од Унијниот Визен Кодекс издадени од Андора, Канада, Јапонија, Сан Марино или Соединетите Американски Држави;

• имате важечка виза за земја што припаѓа на Европската економска област или Канада, Јапонија, Соединетите Американски Држави или се враќате од овие земји откако сте користеле таква виза.

 

  1. Формулар за виза пополнет во системот е-конзулат, испечатен и потпишан;
  2. Фотографија во боја со димензии 3,5 x 4,5 цм. Фотографијата треба да биде:

a. остра, направена на бела позадина и испечатена на висококвалитетна хартија,

b. не постара од 6 месеци,

c. анфас и јасно да ги прикажува очите и лицето од двете страни, од врвот на главата до горниот дел на рамената – така што лицето да зафаќа 70-80% од фотографијата. Фотографијата треба да биде направена без капа, шамија и слично.

3.   Пасош издаден во текот на последните 10 години, којшто важи најмалку 3 месеци од датумот на планираното враќање и којшто има најмалку 2 слободни страници наменети за визи.

4.   Копија на страницата на пасошот, на којашто се наоѓаат личните податоци и фотографијата на носителот.

5.  Здравствено осигурување, коешто важи на територијата на Европската Унија на износ не помал од 30 000 ЕВРА. Информација на полскиот министер за надворешни работи за осигурителите и осигурувањата што ги нудат, коишто ги исполнуваат условите, за кои станува збор во Законот за странци од ден 12 декември 2013 година, е објавеа на интернет-страницата на полското МНР: https://www.gov.pl/web/dyplomacja/wizy.

6.  Копија на документ за лична идентификација кој потврдува легално живеење на територијата на конзуларниот округ на полското претставништво, во коешто аплицирате за виза.

7.  Потврда за поседување на финансиски средства во форма определена од страна на полското претставништво.

8.  Документ кој потврдува сместување (на пр. официјална покана или хотелска резервација).

9.  Документ кој ја потврдува целта на престојот на територијата на Република Полска.

Дополнително, при барања за визи за неполнолетни лица доставете:

  • Писмена и нотарски заверена согласност на родителот/родителите за поднесување на барањето за виза. Ако има само еден старател, тоа треба а се докаже со презентирање на извод од матичната книга на родените, судска одлука за давање исклучиво старателство или извод од матичната книга на умрените за другиот родител.
  • Пасоши на родителите – оригинал и копија.
  • Извод од матичната книга на родените – оригинал и копија.

Ако детето е впишано во пасош на родителот или законскиот старател – поднесете одделно барање за виза. Визата ќе биде залепена во пасошот на родителот или законскиот старател.

Запомнете:

  • Барањето за виза мора да го поднесете во полско дипломатско претставништво, чијшто конзуларен округ го опфаќа Вашето постојано живеалиште.
  • По правило, горенаведените документи се доволни за донесување одлука, но полскиот конзул може да замоли за дополнителна документација.
  • Полскиот конзул има право да го покани барателот за виза на разговор, но не мора тоа да го прави.
  • Визиите од типот Д овозможуваат престој од 90 дена во секој период од 180 дена во другите земји на Шенген зоната. Тоа означува дека можете легално да престојувате во Шенген зоната, исклучиво ако во периодот на последните 180 дена Башиот престој во земјите на зоната не надминал 90 дена.
  • Визата од типот Д може да се издаде со максимален рок на важење од една година.

Запомнете дека визата не гарантира влегување на територијата на Полска – конечната одлука секогаш ја има полската Гранична стража.

Колку ќе платите?

Таксата изнесува 4936,00 MKD.

Таксата за поднесување барање за виза не подлежи на враќање, независно од одлуката на конзулот.

Кој е рокот за реализација?

Одлуката за издавање на виза се донесува во рок од 15 работни дена, сметајќи од денот на уплата на таксата. Во случај на неопходност за детална проверка на документите, разгледувањето на барањето може да се продолжи до 30 дена. Во итни и оправдани случаи, одлуката може да се донесе во рок од три работни дена.

Како може да се жалите?

Ако не се согласувате со одлуката на конзулот, имате право да поднесете барање за повторно разгледување на визната апликација. Мора да го поднесете во седиштето на полската мисија што ја донела визната одлука, во рок од 14 дена од нејзиното добивање.

Барањата за повторно разгледување на визната апликација може да се поднесат во работното време на конзулатот

Таксата за поднесување на таквото барање изнесува 4927,00 MKD.

{"register":{"columns":[]}}