In order to ensure the highest quality of our services, we use small files called cookies. When using our website, the cookie files are downloaded onto your device. You can change the settings of your browser at any time. In addition, your use of our website is tantamount to your consent to the processing of your personal data provided by electronic means.

Сакам да поднесам барање за национална виза (tип Д)

Каде ќе ја завршите работата?

Амбасада на Република Полска

ул. Димитар Пандилов бр. 2a

1000 Скопје

тел. +389 2 3248826

Дали морате лично да ги поднесете документите?

Барањето за издавање виза мора да го поднесете лично. Дипломатското претставништво не прифаќа барања испратени по факс, по пошта или по имејл.

Како да закажете термин?

Од 17 март 2021 година Конзуларното одделение на Амбасадата на Република Полска во Скопје воведе промени во системот за регистрација за аплицирање за национални визи.

За поднесување визна апликација закажете термин во системот е-консулат (https://secure.e-konsulat.gov.pl/).

Потсетување: барањето за издавање виза мора да биде поднесено најдоцна на две недели пред планираното патување.

 

ЗАБЕЛЕШКА - При регистрација наведете целосни и автентични податоци содржани во приложуваните документи. Податоците внесувани во апликацијата мора да бидат во согласност со податоците содржани во поседуваниите документи (исто така и во однос на правописот).

 

Ги молиме лицата заинтересирани да добивање национална работна виза да закажуваат термини исклучиво во системот е-консулат.

За резервирање на терминот за поднесување барање за издавање на национална работна виза треба:

- да отидете на веб-страницата https://secure.e-konsulat.gov.pl/

- во MENU изберете ја опцијата „Национална виза - регистрирај го образецот“, а потоа изберете дали аплицирате за работна виза или за друг вид на виза, и дали ги прифаќате правилата за поднесување на апликацијата:

- ако изберете „Национална виза - работа“, пополнете го уводното барање за виза кое ги содржи Вашите основни податоци и податоците од документот кој овозможува започнување работа во Полска. Доколку внесените податоци се точни, ќе добиете и-мејл порака со линк за комплетирање на целото барање за виза. Имате 48 часа за внесување на целото барање. Пополнете го барањето, зачувајте го и отпечатете го. Доколку податоците не бидат верификувани како точни или во рок од 48 часа барањето нема да биде целосно пополнето, регистрацијата ќе биде поништена;

- ако изберете „Национална виза - други“ или „Национална виза - студент“   изберете термин за аплицирање, пополнете го барањето за виза, зачувајте го и отпечатете го;

- во случај кога има повеќе заинтересирани од расположливи термини, термините ќе   

  бидат распределени по пат на електронскa лотарија,

- сите информации, потврдувања и линкови за пополнување на барањата се

  испраќаат автоматски по електронска пошта на и-мејл адреса дадена од Вас,

- во определен/установен термин треба да дојдете во конзуларното одделение со   

отпечатен и потпишан образец за издавање виза, оригинал од дозволата за работа, како и комплет неопходни документи.

 

Електронската лотарија на термини за поднесување на визни барања преку системот е-консулат ќе се одржува секоја втора сабота. Вработените во конзуларните одделенија немаат можност да ингерираат во процесот на извлекувањето на апликации на кои ќе им биде доделен термин за поднесување на апликацијата.

 

 

По извлекувањето ќе добиете информации за неговите резултати, како и:

- ако Вашата апликација е извлечена, ќе добиете информации за датумот на поднесување на апликацијата,

-ако Вашата апликација не е извлечена во даден фонд на доделени термини, таа оди на следното извлекување.

 

ЗАБЕЛЕШКА: Доколку сакате да аплицирате за работна виза и при регистрација ќе изберете друга опција („Студент“ или „Друга“), Вашата апликација нема да биде примена и разгледана.

 

 

в

 

 

Кои документи треба да ги поднесете?
  1. Формулар за виза пополнет во системот е-конзулат, испечатен и потпишан;
  2. Фотографија во боја со димензии 3,5 x 4,5 цм. Фотографијата треба да биде:

a. остра, направена на бела позадина и испечатена на висококвалитетна хартија,

b. не постара од 6 месеци,

c. анфас и јасно да ги прикажува очите и лицето од двете страни, од врвот на главата до горниот дел на рамената – така што лицето да зафаќа 70-80% од фотографијата. Фотографијата треба да биде направена без капа, шамија и слично.

3.   Пасош издаден во текот на последните 10 години, којшто важи најмалку 3 месеци од датумот на планираното враќање и којшто има најмалку 2 слободни страници наменети за визи.

4.   Копија на страницата на пасошот, на којашто се наоѓаат личните податоци и фотографијата на носителот.

5.  Лице кое аплицира за национална виза, лично поднесува документ со кој се потврдува поседувањето на патничко медицинско осигурување, согласно член 25 точка 1 став 2, или пак документ со кој се потврдува поседувањето на здраствено осигурување согласно законот од 27 август 2004 г. за здраствени услуги финансирани од јавни средства. Патничкото здраствено осигурување со износ на осигурување не помал од 30 0000 ЕВРА мора да важи за период на предвидениот престој на странецот на територијата на Република Полска и ги покрива сите трошоци што можат да настанат за време на престојот на оваа територија поради неопходност од повратно патување од медицински причини, потреба од итна медицинска помош, итно болничко патување или смрт, при што осигурителот се обврзува да ги покрие трошоците за здраствени услуги обезбедени на осигуреникот дирекно на субјектот што ги дава услугите, врз основа на издадена фактура.

Повеќе информации на: https://www.gov.pl/web/dyplomacja/wizy во табуларот: информација на полскиот министер за надворешни работи за осигурителите и осигурувањата што ги нудат, коишто ги исполнуваат условите, за кои станува збор  член 25 точка 1 став 2  и точка 1б од Законот за странци од ден 12 декември 2013 година.

6.  Копија на документ за лична идентификација кој потврдува легално живеење на територијата на конзуларниот округ на полското претставништво, во коешто аплицирате за виза.

7.  Потврда за поседување на финансиски средства во форма определена од страна на полското претставништво.

8.  Документ кој потврдува сместување (на пр. официјална покана или хотелска резервација).

9.  Документ кој ја потврдува целта на престојот на територијата на Република Полска.

Дополнително, при барања за визи за неполнолетни лица доставете:

  • Писмена и нотарски заверена согласност на родителот/родителите за поднесување на барањето за виза. Ако има само еден старател, тоа треба а се докаже со презентирање на извод од матичната книга на родените, судска одлука за давање исклучиво старателство или извод од матичната книга на умрените за другиот родител.
  • Пасоши на родителите – оригинал и копија.
  • Извод од матичната книга на родените – оригинал и копија.

Ако детето е впишано во пасош на родителот или законскиот старател – поднесете одделно барање за виза. Визата ќе биде залепена во пасошот на родителот или законскиот старател.

Запомнете:

  • Барањето за виза мора да го поднесете во полско дипломатско претставништво, чијшто конзуларен округ го опфаќа Вашето постојано живеалиште.
  • По правило, горенаведените документи се доволни за донесување одлука, но полскиот конзул може да замоли за дополнителна документација.
  • Полскиот конзул има право да го покани барателот за виза на разговор, но не мора тоа да го прави.
  • Визиите од типот Д овозможуваат престој од 90 дена во секој период од 180 дена во другите земји на Шенген зоната. Тоа означува дека можете легално да престојувате во Шенген зоната, исклучиво ако во периодот на последните 180 дена Башиот престој во земјите на зоната не надминал 90 дена.
  • Визата од типот Д може да се издаде со максимален рок на важење од една година.

Запомнете дека визата не гарантира влегување на територијата на Полска – конечната одлука секогаш ја има полската Гранична стража.

Колку ќе платите?

Таксата изнесува 4936,00 MKD.

Таксата за поднесување барање за виза не подлежи на враќање, независно од одлуката на конзулот.

Кој е рокот за реализација?

Одлуката за издавање на виза се донесува во рок од 15 работни дена, сметајќи од денот на уплата на таксата. Во случај на неопходност за детална проверка на документите, разгледувањето на барањето може да се продолжи до 30 дена. Во итни и оправдани случаи, одлуката може да се донесе во рок од три работни дена.

Како може да се жалите?

Ако не се согласувате со одлуката на конзулот, имате право да поднесете барање за повторно разгледување на визната апликација. Мора да го поднесете во седиштето на полската мисија што ја донела визната одлука, во рок од 14 дена од нејзиното добивање.

Барањата за повторно разгледување на визната апликација може да се поднесат во работното време на конзулатот

Таксата за поднесување на таквото барање изнесува 4927,00 MKD.

{"register":{"columns":[]}}